Сложено име за внатрешна и надворешна употреба и промена на македонскиот Устав е позицијата, која се погласно се споменува од грчката страна во преговорите за името со Македонија, кои и натаму се во фокусот на грчките медиуми.
Бутарис, изрази жалење што, како што рече, бил изваден и објавен само еден дел од изјавите, а не ставовите во целост од вчерашниот состанок.
Нашата позиција е јасна – сложено име за севкупна употреба, и кога велиме за севкупна употреба мислиме и во внатрешноста на соседната земја, за што предуслов е промена на Уставот, вели заменикот-министер за поморство на Грција, Нектариос Санторињос.
Бура од реакции во Грција предизвика изјавата на солунскиот градоначалник Јанис Битарис за тоа дали и тие треба да размислат за промена на имињата на аеродромот и автобуската станица во Солун, кои го носат името „Македонија“, јави дописникот на МИА од Атина.
Српската православна црква (СПЦ) нема сериозна намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА, а тој нејзин став не е променет веќе неколку години, смета митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева е задоволна од напредокот во преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.
Лидерот на партијата Сојуз на централисти, Василис Левандис, смета дека Грција го има загубено спорот со името, со самото тоа што разговара за сложено име со вклучен терминот Македонија.
„Катимерини“ пишува дека контактите го потврдуваат интензивирањето на преговорите, а според дипломатски извори на весникот, во следните седмици дополнително ќе се згуснат овие контакти и средби.
Топката во моментов е на теренот на нашиот сосед, кој ќе треба и во практика да покаже дека е промената реториката на Владата што може да доведе до опипливи резултати во односите на двете земји, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.
Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“.