Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис категорично се огради од денешниот протест во Солун, против правото на Република Македонија да го користи терминот „Македонија“ во своето име.
Млади и стари, семејства со деца, пензионери, членови на партии протестираа во Солун. Според грчките медиуми, протестот, по масовноста ги надмина очекувањата, но ни приближно не наликуваше на демонстрациите од 1992.
Собирот, јавува МИА, започна кусо пред 14 часот по локално време и во тек се обраќања на претставници на здруженијата што се организатори.
Македонија е еднакво на Грција и Грција е еднакво на Македонија, рече солунскиот митрополит Антимос на денешната свечена литургија во црквата Свети Димитрија.
Порака дека Атина бара едно име кое ќе важи и за внатрешна и за билатерална и за употреба во ОН упатува грчкиот премиер преку интервјуто под наслов „Ако постои можност, ќе биде национална глупост да не ја искористиме“, за неделното издание на весникот „Етнос“.
Прашан дали ќе учествува на претстојното одбележување 1.000 години од основањето на Охридската архиепископија, Неофит рече дека ќе се размисли како ќе се одбележи овој датум.
„Македонија е Грција“ пишува на паното закачено од рано утрово над бината во центарот на Солун, каде што во 14 часот по локално време ќе се одржи долго најавуваниот протест против името Македонија.
Грчкиот печат со несмалено темпо продолжува, македонско – грчките односи и последните случувања во спорот со името да ги става во фокусот на вниманието.
- Никогаш не постоела македонска нација во античко време, како што не постоела ниту нација на атињаните и спартанците, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за утрешното издание на весникот „Етнос“, пренесува МИА.
Захариева потсетува дека Македонија има статус на кандидат за член на Унијата уште од 2005 година, но политиката на земјата за нерешавање на проблемите со соседите ја довела до тоа повеќе од 12 години преговорите да не се почнати.