„Македонската нација не постоела никогаш“, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за неделното издание на весникот „Етнос“ кое ќе биде објавено утре.
Косовскиот министер за правда, Абделјад Тахири, денеска изјави дека Косово нема да дозволи Србија да биде вклучена во истрагата за смртта на претседателот на Граѓанската иницијатива на СДП, Оливер Ивановиќ, но дека се подготвени да соработуваат со Србија за тој случај.
Во овој момент не се потребни протести, туку национален консензус и единство, е пораката на поглаварот на грчката православна црква, што ја упатил на средбата со грчкиот премиер.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска разговарал со министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас. Министерот го информирал за текот на преговорите и за презентираните предлози од медијаторот Метју Нимиц.
Бугарската Влада денеска го усвои Меморандумот меѓу владите на Македонија и Бугарија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги, соопшти прес службата на бугарската Влада.
Преговорите за името не се фудбалски натпревар за да има победник или поразен, Владата сака и ќе направи се што може за да се реши прашањето без да ги стави во опасност националните интереси, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.
Изјавата на премиерот на Албанија Еди Рама во врска со Законот за употреба на јазиците донесен во македонскиот Парламент е потврда на намерата да ја турка „Тиранската платформа“ со која се поткопуваат темелите на македонската државност.
Пратениците на бугарскиот парламент во две читања едногласно го ратификуваше Договорот за пријателсво, добрососедсво и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во директни разговори можат да дојдат до решение за долгогодишниот спор околу името.
Јетлир Зиберај, советник и шеф на Кабинетот на првиот потпретседател на косовската влада и шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли, изјави дека очекува Вучиќ да се однесува добро и да ги почитува првилата на однесување согласно со дозволата.