Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија разговараше со претставникот на Европската комисија, Клаус-Дитер Борхарт за проектот за изградба на европскиот центар за дистрибуција на гас „Балкан" на територија на Бугарија.
Грција, Бугарија и Србија сметаат дека е неопходна стабилизација на внатрешно-политичката ситуација во Македонија, како и продолжување на дијалогот за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за прашањето за името.
Во Солун попладнево ќе се одржи трилатерална средба на премиерите на Грција и на Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Повеќепати им кажав на македонските претставници. Како вашата држава ќе се однесува кон Србија на меѓународната политичка сцена и организации, така и ние ќе се однесуваме кон вас, изјави Дачиќ.
Со потпишување на Договорот за Транспортна заедница вечерва во Трст заврши 4-тиот Самит на лидерите на Западен Балкан, кој се организира во рамките на Берлинскиот процес.
Европската унија сака да инвестира во следните години околу милијарда евра во државите од Западен Балкан, изјави европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.
Албанскикот премиер Еди Рама потврди дека во Трст силно ќе поддржи формирање регионална економска зона бидејќи тоа според него, е чекор што ќе го олесни процесот за членство во Европската унија.
Зборувајќи на самитот на лидери на западнобалканската шесторка Хан рече дека тоа би ги намалило тензиите од минатото.
Против Здравко Мамиќ, некогашниот прв човек на Динамо од Загреб, покренато е ново обвинение поради сомнение дека од клубот извлекол неколку десетици милиони евра.
Како што јави Танјуг, на средбата е најавено и присуство на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.