Едно лице загина, а околу 25 се повредени во сообраќајната несреќа, во која автобус со полски регистерски таблички излета од патот Суботица – Нови Сад и се преврте.
Во Меморијалниот центар во Поточари, покрај Сребреница денеска ќе биде одржана традиционалната 22. комеморација за жртвите кои настрадаа во масакрот во тој град за време на војната во Босна и Херцеговина.
Во Трст утре ќе се одржи четвртиот Самит за Западен Балкан и Европската Унија во рамки на Берлинскиот процес. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на поврзување во областа на економијата и инфраструктурата и луѓето во регионот како и регионот со ЕУ.
Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно кон Грција, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Осуммина осомничени за убиство на Американец на Закинтос, меѓу кои и шест Срби, обвинети се за тешко кривично дело - убиство со умисла, јавија денеска грчките медиуми.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, тврди дека дијалогот меѓу Белград и Приштина наскоро ќе биде завршен со, како што вели, историски договор меѓу двете страни.
Новинарите во сите приватни, јавни и локални медиуми во Грција денеска одржуваат шестчасовен штрајк со прекин на работата од 11 до 17 часот по локално време.
Брнабиќ во интевјуто рекла дека како премиерка ќе го продолжи патот кој го почна нејзиниот претходник, сега претседател на Србија, Александар Вучиќ, и ќе ја подготви земјата за членство во ЕУ до 2020 година, кога ѝ завршува мандатот.
Грчката крајбрежна стража денеска пукала во турски товарен брод во Егејското Море во близина на Родос како знак на предупредување.
Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, Вучиќ и Тачи исто така, се договориле нивните тимови да почнат да работат на параметрите на новата фаза на дијалогот, при што ја нагласиле важноста од имплементацијата на досега постигнатите договори без одлагање.