Состанокот во Премиерската палата со 15-те претставници на земјоделците, траеше подолго од предвиденото, поминал во добра клима со конструктивен и суштински дијалог, а Мицотакис предложил дополнителни мерки за поддршка.
Под слоганот „Или денеска, или никогаш“, објавен од пратеникот Газмент Барди, побројното крило на опозициската Демократска партија (ДП) ќе одржи протест на плоштадот „Народни херои“ во Тирана.
Брисел предлага да се воведат санкции за три кинески компании и една индиска компанија како дел од најновите мерки кои имаат за цел да и зададат удар на „руската воена машина“.
Весиќ во изминатите неколку дена беше домаќин на својот грчки колега, министерот Христос Стајкурас, со кого патуваше за Нови Сад со брзиот воз „Сокол“ и му ги покажа 76-те километри брза железница која веќе е во функција и како напредуваат работите до Суботица.
Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека САД е целосно јасна во својот став дека не може да има еднострани потези и дека таквите потези ќе имаат последици, јави дописникот на МИА од Белград.
Прибе изјави дека Резолуцијата на ЕП е прилично остра и загрижувачка, „бидејќи детално и отворено го критикува спроведувањето на изборите во Србија, и парламентарните и локалните“.
Одржувањето на Самитот претходно го најави албанскиот премиер Еди Рама кој изјави дека Самитот ќе се одржи во знак на поддршка на Украина и оти ќе се разговара за теми поврзани со безбедносните предизвици.
Највисока плата во црногорската влада има Срѓан Павиќевиќ, вицепремиер за труд, образование, здравство и социјала, чија јануарска плата изнесувала 2.071 евро.
Во Албанија, според статистиката од 2022 година, живеат вкупно 18.151 странски државјанин со регуларна дозвола за престој, од кои 43,7 отсто имаат дозвола за престој од работни причини или 7.932, објави Институтот за статистика, ИНСТАТ.
Герапетритис рече дека на средбата размениле идеи за сите актуелни прашања и големите кризи во светот.