Москва смета дека плановите, Македонија да биде внесена во НАТО, може да имаат негативни последици по регионалната безбедност и билатералните односи меѓу двете земји- соопшти руското МНР.
Мислам дека не постои опасност Каменос да ја напушти Владата, вели владиниот портпарол на Грција, Димитрис Ѕанакопулос во однос на последните шпекулации во грчките медиуми за зголемено несогласување меѓу двајцата коалициски партнери.
Изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој наводно, при контактитe со европски колеги рекол дека некои грчки ставови за името се „блиску до апсурдни“ го намалија оптимизмот во Атина за брз исход од преговорите.
За 27-ми март, како датум објавен во македонските и грчките медиуми, кога наводно ќе се одржи новата средба на шефовите на дипломатиите со медијаторот Нимиц, засега нема официјална потврда...
Еден меѓународен договор, со заведени обврски во врска со иредентизмот, од многу аспекти, во врска со оспорувањето на границите, со името, е со надуставно влијание на сегашниот или иден Устав.
Црна Гора е државата со најголем број пушачи по глава на жители во светот и една од ретките земји која бележи зголемување на лицата кои консумираат цигари, соопштија „Јувентас“ и Центарот за мониторинг и истражување.
Атина - Коалицискиот партнер во грчката Влада - Независни Грци и опозициската Нова демократија ги осудуваат заканите упатени до шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук упати критики до македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој одби да го потпише Законот за јазиците.
Србија со контра-мерки за Македонија ако нема решение за брашното Белград- Ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки, соопшти српскиот министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.
Кусо пред посетата на Скопје, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас повторно добил заканувачко писмо и куршум за прашањето за името и преговорите што се во тек, објави викенд изданието на весникот „Та неа“.