По вчерашниот жежок и спарен ден, делови на Хрватска синоќа беа зафатени од силно невреме, пропарено со силен ветер, грмежи и пороен дожд.

Како што објави електронското издание на весникот „Вечерњи лист“, во некои делови на континенталниот дел на Хрватска била регистрирана и појава на град со големина на орев, кој оштетил повеќе покриви во реонот на Сисак и Велика Горица.

Силниот ветер дури корнел дрва, а во некои делови на земјата се регистрирани и поплави.

На островот Хвар дошло до зголемување на нивото на Јадранското Море за дури 15 сантиметри, што предизвикало поплави во крајбрежните делови и пониските зони на населните места.

Излевање на морето е регистрирано и на Црес, каде наврнале повеќе од 50 милиметри дожд, а дувал и ветер со брзина од 100 километри на час.

По невремето во крајбрежните делови на Истра биле регострирани голем број пијавици, кои ги донел силниот ветер.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2017 11:18