На 1 јануари Бугарија го презема претсеадавањето со Советот на ЕУ од Естонија. Бугарија ќе претседава со Советот на ЕУ во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, по што ќе ја наследи Австрија.
Се очекува фокусот на бугарското претседателство да биде врз политиката за миграциска реформа и други проблеми.Во декември лани лидерите на ЕУ се обврзаа да постигнат компромисен договор за реформа на европскиот систем за давање азил.
Здружението на албанските туроператори и туристички агенции (АТОА) соопшти дека „Шератон“ од први јануари 2018 ја напушта Албанија. За здружението ова е едно од најнегативните случувања во последните дваесет години во албанскиот туризам.
Главната грчка опозициска партија, Нова демократија, ја повика Владата да излезе со единствен предлог за името со Македонија заради, како што наведува, појавените разлики во нејзините редови за ова прашање, соопшти вестникот „Катимерини“.
Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија просечната плата во октомври изнесувала 23.356 денари, а просекот за првите десет месеци од годинава 22.808 денари.
Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, кој е и лидер на АНЕЛ, главниот коалициски партнер во владата на Алексис Ципрас, денеска го повтори својот став дека се противи на решение на спорот за името кое ќе го содржи зборот Македонија.
Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ синоќа изјави дека во Македонија владее мислење дека Србија работи против таа држава без разлика што тоа е негирано повеќепати.
Активистите на невладини организации, поддржани и од граѓани, денеска на оградата пред зградата на Владата во Приштина закачија стотици вратоврски и кошули во знак на протест поради зголемувањето на платата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТВ Пинк изјави дека Србија ќе побара во преговорите со Приштина-која инсистира на учеството на САД, да се вклучи и Русија која не ја признава независноста на Косово.
Властите на бугарскиот главен град Софија ќе го забранат возењето со коњски коли по градските улици во пресрет на бугарското претседавање со Европската унија.