Говорејќи за метото на кое ќе се одржи средбата на балканските лидери во Црна Гора, поддржана од САД, Марковиќ наместо да каже хотелот Хилтон, рече „хотелот Клинтон“.
Пенс на заедничката прес-конференција со црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека неговата посета на Црна Гора ја потврдува поддршката на САД на регионот.
Српската православна црква соопшти денеска дека на македонска државна делегација нема да и биде одобрена посета на манастирот Прохор Пчињски, „поради веќе добро познати причини“, јави Танјуг.
Како што јави дописникот на МИА, тој додаде дека на собраниската седница на 3 август само ќе биде конституиран Парламентот, по што набрзо ќе биде формирана и влада.
Фудбалскиот сојуз на Албанија во саботата побара од албанската Влада „правно да интервенира“ и да не дозволи екстрадирање на Морина во Србија.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека единствено трајно решение во дијалогот со Косово е разграничување на тоа што е српско и тоа што е албанско.
Судот во косовскиот град Гњилане го ослободи Лирим Јакупи – Нацист, член на герилските групи на етничките Албанци во Косово, Македонија и во Србија, осуден за нападот врз македонската полиција во Тетово во 2004 и на полицијата во Скопје во 2014.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска порача дека опозицијата може слободно „да се окрупнува“, но дека ќе губи се додека тој самиот не се тргне од политиката.
Црногорското собрание вчера ја усвои измената на законот за данок на додадена вредност, со кој ДДВ од 19 се зголемува на 21 отсто.
Бугарското Народно Собрание денеска едногласно усвои Декларација за поддршка на потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија.