Амбасадорот на Велика Британија во Босна и Херцеговина, Џулијан Рајли денеска и честиташе на Јасмина Селимовиќ за нејзината функција – гувернерка на Централната банка на БиХ.
Почна конститутивната седница на Собранието на Србија, на која се потврдија мандатите на 250 изабрани пратеници, кои положија заклетва, по што ќе се бира претседател на Парламентот и други тела, јави дописникот на МИА од Белград.
Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога.
Според истите информации, инцидентите се случиле од засега непознати причини меѓу две групи мигранти, Ирачани од една и Сиријци и Палестинци од друга страна.
Мосхос, преку социјалните мрежи објасни дека овој пат нема да го затворат сообраќајот за автомобили, туку само за камиони, поконкретно за камионите што извезуваат лигнит во соседната земја.
Тој денеска на Фејсбук објави дека минатата недела бил во Белград и Приштина за да разговара со своите партнери за актуелната ситуација и следните чекори во Дијалогот.
Стотици бугарски земјоделци денеска протестираа во Софија бидејќи, како што наведоа, Владата не презема ништо за да ги реши нивните се поголеми проблеми, а протестите ќе продолжат и утре.
Шефот на грчката дипломатија потсети дека патот на земјите од Западен Балкан кон европското семејство „започна од Солун во 2003 година и продолжува“.
Газмент Барди, Аслан Доѓани и Фламур Нока го пробија кордонот на Националната гарда на влезот од собраниската зграда и успеаја да се доближат до говорницата каде за збор се подготвуваа пратениците од владејачкото мнозинство.
Амбасадорот на Србија во Мисијата на Обединетите нации (ОН), Немања Стевановиќ поднесе барање од Србија за свикување вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради ситуацијата на Косово.