Врховниот суд на Хрватска ја потврди првостепената пресуда на судот во Дубровник, со што е утврдено дека се исполнети сите услови за екстрадирање на Исмаил Морина во Србија. Неговиот адвокат веднаш поднел нова жалба за одлуката.
Пристапниот процес треба да биде предвидлив и појасен, побараа денеска во Блед министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.
Вучиќ истакна дека го почитува македонскиот премиер Зоран Заев и оти немам проблем со тоа што се сретнал со Драган Шутановиќ.
Партијата Српска листа нема да го блокира формирањето на новите институции на Косово. Лидерот на партијата, Горан Ракиќ изјави дека поддржуваат секого кој го има потребниот број во Парламентот на Косово.
Могерини истакна дека Балканот е веќе во Европа, дека се наоѓа во срцето на Европа и дека балканските народи сакаат и заслужуваат исти шанси, иста безбедност и исти права како и сите други граѓани на европскиот континент.
„Го поздравувам Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија. Тој е важен за народите на Република Бугарија и на Република Македонија, но и за целиот регион“.
На граничниот премин Јариње не им бил дозволен влез во Косово на министерот за образование на Србија Младен Шарчевиќ и на директорот на канцеларијата за Косово и Метохија (КиМ) Марко Ѓуриќ, соопштија од канцеларијата за КиМ.
Во атинската населба Екзархија синоќа група анархисти со качулки на главите почнале да фрлаат со молотови коктели врз припадници на грчката полиција, при што избиле судири.
Три лица се уапсени во Белград поради сомневање дека ја загрозиле безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ откако со автомобил налетале во колона возила во која бил тој.
Советниците во градското собрание на градот Загреб синоќа по долга расправа донесоа одлука за преименување на Плоштадот Маршал Тито во Плоштад Република Хрватска.