Минатата недела во Црна Гора влегле 3935 лица од Украина, додека земјата ја напуштиле вкупно 3307 луѓе, соопшти Министерството за внатрешни работи во Подгорица.
Заедничката европска валута, еврото, го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лек.
„Тие не се срамат од злосторствата на нивните предци, тие се срамат од нивниот пораз“, рече Вулин и насобраните ги поздрави со поздравот на југословенските партизани, „поздрав кој денес е вистинит како и тогаш, смрт на фашизмот, слобода на народот“.
- Нема да има попуст поради литиумот кога е во прашање владеењето на правото, ниту во однос на Косово или Босна и Херцеговина, изјави политичарката на германските Зелени за берлинскиот дневен весник ТАЗ.
На протестот беше посочено дека властите апсат и други, но дека нема да се откажат од барањето за забрана за експлоатација на литиум и бор во Србија.
Барањето на протестот е да се донесе забрана за ископ на бор и литиум. Народната иницијатива од над 38.000 потписи беше поднесена до Народното собрание во мај 2022 година.
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека секој има право на собири и да го каже своето мислење, но дека насилството и блокирањето на животот не е дозволено, јави дописникот на МИА од Белград.
Ќе разговараме со народот. Ќе одам во Лозница и Крупањ, ќе одам на секое место.
Учесниците на протестот против најавата за ископ на литиум синоќа ги блокираа железничките станици „Прокоп“ и Нов Белград, и останаа таму во текот на ноќта.
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, по повод вечерашниот протест против рудникот за литиум, изјави дека „по којзнае кој пат покажале дека навистина се грижат за животната средина и за здравјето на луѓето“.