Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел (+0,073). Водечката тројка ја затвори Шарл Леклер (Ферари, +0,079).
Во групната фаза на Дејвис купот во Манчестер се натпреваруваат селекциите на Велика Британија, Австралија, Франција и Швајцарија. Репрезентациите ќе играат меѓу себе секој со секого.
Античкиот олимписки стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, познат и под името Калимармаро, викендов, за првпат во историјата, е домаќин на тениски натпревари, што се играат во рамките на Дејвис купот меѓу Грција и Словачка
Директорот на Формула 1 тимот Ред Бул, Кристијан Хорнер, зборуваше за главните проблеми на болидот на урбаната тркачка патека „Марина Беј“ во Сингапур.
Турнирот во Бризбејн ќе се врати од идната година во календарот на АТП, првпат од 2020. и повторно ќе им служи на играчите како подготовка за настап на Австралија Опен.
Најдобро рангираната македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на фјучерсот „Триглав Опен“, откако попладнево триумфираше во четвртфиналниот дуел против Сада Нахимана од Бурунди со 2-0 во сетови.
Шарл Леклер и Карлос Саинц во болидите на Ферари ги остварија двете најбрзи времиња на денешниот прва слободен тренинг за Големата награда на Сингапур.
Во финалето на Европското машко одбојкарско првенство в сабота во Рим ќе играат домаќинот Италија и Полска, што ќе биде „реприза“ на ланското финале на Светското првенство.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на фјучерсот „Триглав Опен“, откако попладнево во Скопје ја совлада Јапонката Рина Саиго со 2-1 во сетови.
По повеќе од три години изолација, Северна Кореја се враќа на меѓународната спортска сцена, откако пријави 190 спортисти за настап на претстојните 19. Азиски игри во Кина.