Австралиските власти категорично ги отфрлија денеска барањата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ за олеснување на строгиот карантин за големиот број тенисери и тенисерки, кои се во двонеделна самоизолација без услови за подготовки за претстојниот Австралија опен
Најдобриот светски тенисер и бранител на титулата на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ побара од организаторите на првиот годинашен гренслем да обезбедат исти услови за сите учесници на турнирот, што треба да стартува на почетокот на идниот месец.
Италијанската скијачка Марта Басино победи и на вториот велеслалом од Светскиот куп во Крањска Гора
Македонската одбојкарска репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП), откако вечерва извојува голема победа против Турција во Скопје од 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18).
Хуго Фабрис Занго (27) е нов светски рекордер во трискок во сала со 18.07 метри.
Австрискиот скијач Мануел Фелер победи попладнево на првиот од двата слаломи што во рамки на Светскиот куп викендот се на програмата во Флахау.
Вкупно 24 тенисери и тенисерки, зааедно со нивниот придружен персонал, кои со чартер-лет од Лос Анџелес пристигнаа во Мелбурн за да учествуваат на претстојниот Австралија Опен ќе останат во двонеделен карантин, откако се откриени два случаи на зараза со Ковид-19 меѓу патниците.
Поранешниот возач во Формула 1, Ромен Грожан е близу до продолжување на кариерата во тркачката серија Индикар, пренесува „Racer“
Македонската одбојкарска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во Скопје со 3:0 (25:20, 26:24, 25: 13) по втор пат во квалификациите ја совлада Босна и Херцеговина со што обезбеди најмалку второ место во групата Ц.
Руските спортисти ја предложија народната песна „Каќуша“ како своја привремена химна на големите меѓународни натпреварувања до 2022 година, јави вечерва агенцијата ТАСС.