Тениската асоцијација на професионални тенисери на својата официјална веб-страница го претстави календарот на натпревари за првите два месеци од 2021 година
Престижниот американски магазин „Форбс“ објави ажурирано рангирање на најплатените познати личности во светот на крајот на 2020 година
Раководството на Формула 1 најави продолжување на договорот со организаторите на трките на патеката Интерлагос. Новиот договор со бразилскиот автодром важи до 2025 година
Украинецот Владимир Кличко и Американецот Флојд Мејведер јуниор се најзвучните нови имиња кои влегуваат во Меѓународната боксерска „Куќа на славните“, соопшти денеска оваа институција се седиште во градот Канастота, во американската сојузна држава Њујорк.
Канадската полиција ги пронајде и заплени вредните хокеарски реквизити на легендарниот Канаѓанец Вејн Грецки, што беа украдени од домот на неговиот татко Волтер, во градот Брентфорд, во покраината Онтарио.
Порше најави враќање на трките за издржливост и идно учество на „24 часа Ле Ман“. Порше има намера повторно да влезе во „WEC“ и „IMSA“ шампионатите, почнувајќи од 2023 година
Факелот со олимпискиот оган ќе мине низ сите 47 јапонски провинции, и покрај пандемијата на коронавирус, соопштија денеска организаторите.
Алжирскиот тенисер Ајмен Иклеф предвреме ја заврши својата кариера, откако денеска доби доживотна суспензија поради местење натпревари.
Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ќе ги вкрстат ракавиците за обединување на титулите во тешка категорија, а боксерскиот спектакл ќе има награден фонд од фантастични 500 милиони фунти, јавија денеска британските медиуми.
Американската скијачка Микела Шифрин победи на денешниот велеслалом во Светскиот куп во францускиот центар Куршевил, искачувајќи се на победничкиот пиедестал за првпат од јануари годинава.