На 33-те Летни олимписки игри што се одржуваат во Париз од 26 јули до 11 август денес ќе се поделат 13 комплети медали во осум спортови.
Британскиот тенисер Камерон Нори се повлече од Олимписките игри во Париз, објави Британскиот олимписки комитет на социјалните мрежи.
Македонската натпреварувачка Анастасија Мојсовска не успеа да се пласира во финалето на денешниот натпревар во стрелаштво на 10 метри со воздушна пушка на Олимписките игри во Париз.
На фудбалерките на Канада одземени шест бода, а тренерот суспендиран на една година поради летање дрон и следење на тренингот на Нов Зеланд пред Олимпијадата.
Со три освоени златни медали Австралија е најуспешна по првиот натпреварувачки ден на Игрите во Париз. Олимпијците од Австралија освоија и две сребра.
Нигериската боксерска Синтија Огунсемилор нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Таа е дисквалификувана поради кршење на антидопинг правилата, објави прес-службата на Меѓународната агенција за допинг тестирање (ИТА).
Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз ги победија Аргентинците Максимо Гонзалес и Андрес Молтени во првото коло на турнирот во парови на Олимписките игри во Париз.
Боксерскиот тренер на Самоа, Лион Елика Фатупаито, почина во Олимпиското село во Париз, јавува „Франс прес“.
Квалификациите се одвиваа во услови на дожд. Во третиот сегмент, Холанѓанецот извозе круг за 1 минута и 53,159 секунди.