Синот на легендата и седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, Мик Шумахер следната сезона ќе вози во Формула 2, продолжувајќи го партнерството со тимот „Према“.
Доскорешниот возач на Ферари, Кими Раиконен, седна зад воланот на тимот на Заубер, прв пат по 2001 година. Финецот денеска во Абу Даби ги тестираше гумите на производителот „Пирели“.
ММА ѕвездата Хабиб Нурмагомедов ги прокоментира односите со Конор Мекгрегор и спротивно на раширеното мислење дека тие се „смртни непријатели“, навести дека може да станат и пријатели.
Британскиот боксер Рони Кларк го изложи на продажба на eBay, шампионски појас. Тој претходно го освоил европскиот шампионски појас во верзијата ИБФ – втора полулесна категорија.
Хрватската тениска репрезентација е нов шампион во Дејвис купот. „Коцкестите“ во финалето ја совладаа Франција на нејзин терен.
Фановите на боксот ширум светот ги насочија погледите кон битката следната недела меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер. Во неа Американецот треба да ја брани титулата во ВБЦ, а тој е сметан за практично единствениот човек во тешка категорија, кој може да ја оспори хегемонијата на Ентони Џошуа.
Австриецот Макс Франц го освои првиот спуст за сезоната на Светскиот куп. Франц го даде најдоброто време во спуст во Лејк Луис (Канада) – 1:46,18 минути.
Тениската репрезентација на Франција го освои првиот поен во финалето од Дејвис купот против Хрватска и го намали резултатот на 1-2 во победи.
Стотина борачи од единаесет клубови од Македонија и два од Бугарија учествуваа на меѓународниот турнир во борење „Легендите на Спартак“, што по дваесет и прв пат го организираше борачкиот клуб „Спартак“ од Кочани.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на трката во Формула 1 за Големата награда на Обединетите Арапски Емирати што утре ќе се вози на патеката „Јас Марина“.