Мотоциклистот на Дукати, Хорхе Лоренцо, се уште размислува дали да настапи на трката за Големата награда на Тајланд, откако денеска за време на тренингот имаше сериозен инцидент.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одобри три кандидатури за организација на зимските Олимписки игри во 2026 година.
Пилотот на Дукати, Хорхе Лоренцо е транспортиран во болница за дополнителни истражувања по тешкиот инцидент за време на втората тренинг сесија пред ГП на Тајланд во МотоГП. Лоренцо доби повреда на трката од претходниот круг на шампионатот, но сепак одлучи да даде сè од себе и да настапи оваа недела.
Конор Мекгрегор задоцни за втората прес-конференција со Хабиб Нурмагомедов пред меѓусебниот судир на УФЦ 229 во Лас Вегас. Тоа го налути Русинот, кој си замина без да го чека својот противник.
Луис Хамилтон со Мерцедес заврши на чело на првиот слободен тренинг пред Големата награда на Јапонија, откако беше побрз за речиси половина секунда од својот колега Валтери Ботас, кој остана втор.
Валентино Роси смета дека неговиот тим Јамаха не може да си дозволи да се задржи сегашната форма во Мото ГП и да не презема доволно сериозни мерки за решавање на техничките проблеми.
Возачот во Формула 1, Валтери Ботас призна дека очекува да добива нови тимски наредби од Мерцедес, додека Хамилтон не го освои шампионатот.
Минатогодишната шампионка на финалниот турнир на ВTA, Каролин Возњацки и чешката тенисерка - Петра Квитова, си ги загарантираа местата за овогодинешното издание на турнирот, што ќе се одржи на крајот на месецот во Сингапур.
Луис Хамилтон изрази изненадување поради фактот што Ферари не користел тимски наредби во последната фаза од кампањата 2018 година. Неговиот говор дојде помалку од една недела по контроверзната одлука на шефот на Мерцедес, Тото Волф, да му нареди на Валтери Ботас да ја предаде својата прва позиција на Хамилтон. На тој начин тој му ја подари својата победа за ГП на Русија.
Романската тенисерка Симона Халеп предвреме ја заврши сезоната, откако по направените детални испитување било утврдено дека има дискус хернија.