Виетнамските власти информираа дека во 2020 година во таа азиска држава ќе се одржи трка од Светскиот шампионат во Формула 1.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи порача дека самодовербата е важна работа која треба да се негува секојдневно.
Шпанскиот тенисер и се уште прв светски рекет Рафаел Надал кој вчера не го одигра мечот против Вердаско на Мастерсот во Париз, изјави дека не сакал да ризикува со повредата.
Деветкратниот победник на Светскиот рели шампионат и актуелен победник од релито Каталонија, Себастијан Лоеб објави дека ќе учествува на релито Дакар 2019 година како независен пилот, поддржан од Ред Бул.
Светскиот рекет број еден и освојувач на 17 Гренд слем титули, Рафаел Надал се откажа во последната минута од учеството на „Мастерс“ турнирот во Париз.
Швајцарецот Роџер Федерер се квалификуваше за третото коло во турнирот од серијата „Мастерс“ во Париз со награден фонд од 4.8 милиони евра.
Претставници на Република Кореја и на Демократска Народна Република Кореја во петок ќе разговараат за прашањето за поднесување на заедничка апликација за организирање на Олимписките игри во 2032 година.
Канадскиот град Калгари може да ја повлече кандидатурата за организација на Зимските олимписки игри во 2026 година. Во Канада настанаа несогласувања околу финансирањето на Игрите, поради што комисијата за оценување смета дека е беспредметно да се одржи референдумот, закажан за 13 ноември.
Претседателот на УФЦ, Деjна Вајт, истакна дека може да биде договорена борба помеѓу Флојд Мејведер и Хабиб Нурмагомедов, но таа ќе се одржи според правилата на неговата организација.
Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел верува дека шампионатот оваа сезона се „прекрши“ од трката во Сингапур, каде што не победи поради проблеми со болидот.