Швајцарскиот тенисер Роже Федерер смета дека не е меѓу фаворитите за трофејот од Ју-Ес опен, а како најсериозни претенденти за освојување на последниот Гренд слем во сезоната ги посочи Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Најдобар српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на трофејот на Синсинати и комплетирање на „Златниот Мастерс“ рече дека вредело да се чека и оцени дека можеби нереално брзо се врати на високо ниво по операцијата.
Србинот Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој освоил барем еден трофеј на турнирите од Мастерс серијата. Тој синоќа го победи Роџер Федерер во финалето на Синсинати, САД и стигна до единствената шампионска титула која му недостасуваше од Мастерс турнирите.
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе не ја заврши втората трка во Асен, Холандија, дел од европскиот ТЦР шампионат.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија во професионалниот бокс, Тајсон Фјури продолжува со својата победничка серија на рингот. Тој го освои својот втор натпревар по враќањето, а неговата „жртва“ беше Италијанецот Франческо Пијанета.
Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ ќе играат во финалето на „Мастерс“ турнирот во Синсинати. Маестро се пласираше во мечот за титулата откако неговиот противник, Давид Гофан се откажа поради повреда во полуфиналето. Швајцарецот го освои првиот сет по тајбрејк, а во вториот резултатот беше 1:1, кога Гофан се откажа поради повреда на рамото.
Македонската одбојкарска репрезентација го забележа првиот пораз во квалификациите за ЕП 2019 откако вчера во Скопје загуби од Украина со 3-2 во сетови иако имаше два сета предност (27:25; 26:24; 20:25; 20:25 и 12:15).
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе заврши на 16-тата позиција на првата трка на патеката во Асен, Холандија во рамки на ТЦР-Европа шампионатот.
Аргентинецот Гилермо Бертола триумфираше на Интернационалниот пливачки маратон на 10 километри, кој денеска се одржа во Охридското Езеро.