Возачот на Априлија, Алеш Еспаргаро, ја напушти болницата и замина на домашно лекување, откако пред шест дена падна и сериозно се повреди при загревањето за трката за Големата награда на Германија.
Кениската атлетичарка Беатрис Чепкоеч постави нов светски рекорд на 3.000 метри со пречки на митингот од Дијамантската лига во Монако.
Даниел Рикардо го забележа најбрзиот круг во првиот петочен тренинг пред Големата награда на Германија во „Хокенхајм“. На само четири илијадити делови од секундата зад него остана шампионот Луис Хамилтон.
Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас го продолжи договорот со тимот за уште една година, со можност за натамошна соработка и во 2020 година, објави денеска „Скај“.
Почнувајќи од бранителот на титулата Рафаел Надал, потоа петкратниот шампион Роже Федерер, двојниот освојувач Новак Ѓоковиќ, како и победникот од 2009 година Хуан Мартин дел Потро, од 2012 година Енди Мареј и од 2014 година Марин Чилиќ.
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер неодамна потпиша договор со јапонскиот производител на спортска опрема „Уникло“, но неговото лично лого РФ остана во сопственост на америкнската компанија „Најк“.
Властите на Мајами ја одложија дискусијата за организација Гран-при викенд во Формула 1, пишува „Мајами Хералд“. Првиот состанок требаше да се одржи на 26 јули, но беше одложен за август или септември.
Шампионите во Формула 1 официјално објавија дека Луис Хамилтон го потпишал својот нов договор. Договорот е за две години, а Британецот ќе добие годишна плата од 30 до 40 милиони фунти во зависност од неговите резултати. Со надоместокот внесен во новиот договор, Хамилтон станува најплатениот спортист во Велика Британија.
Далас Каубојс од американската фудбалска лига НФЛ е највредниот спортски клуб во светот со 4,8 милијарди долари, вели истражувањето на магазинот „Форбс“.
Поранешниот тимски колега на Себастијан Фетел во Ред Бул, Марк Вебер тврди дека четирикратниот светски шампион е склон кон „психолошки кризи“, кога трката не се одвива според планот.