Филмски циклус посветен на 100 години од раѓањето на Ингмар Бергман (1918-2007) организира Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Шведска во Скопје.
Во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“, Кинотека на Македонија, вечер во битолскиот културен центар „Магаза“ ќе приреди изложба и филмски проекции со кои се одбележува 60- годишнината од премиерата на македонскиот игран филм „Мис Стон“.
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска продолжува со мастер клас кој ќе го одржи оскаровецот, британскиот кинематографер Роџер Дикинс.
Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наградата за животно дело на меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, а наградата му беше доделена на гала церемонија.
Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од улогата во најпопуларната серија последните години „Игра на тронови“.
Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја улога во продолжението на филмската хорор класика „Сјаење“ (The Shining), чиј работен наслов е „Doctor Sleep“.
Американскиот кошаркар Леброн Џејмс ги засили Л.А. Лејкерс годинава, а веќе ја доби и својата прва филмска улога.
Триесет и деветото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола ќе почне со перформанс кој за свеченото отворање го подготвува познатиот македонски режисер Срѓан Јаниќијевиќ.
Осум филма се во натпреварувачката селекција на 3. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, кој под мотото „Првиот никогаш не се заборава“ ќе се одржува од 3 до 12 октомври. Официјалниот дел на фестивалот е од 5 до 10 октомври и ќе биде отворен со дебитантскиот игран филм на Јани Бојаџи „Ругање на Христос“, што ќе биде и негова македонска премиера по светската во Монтреал.
Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата слика од Хоакин Феникс како Џокерот од приказните за Бетмен.