Со избор на четири нови идеи за снимање краток документарен филм заврши првиот дел од филмската работилница „Докуникулци 2018“, на која учествуваше втората генерација млади вљубеници во документарните филмови.
Акционерите на компанијата „Фокс“ („Twenty-First Century Fox“) ја одобрија продажбата на делот за забава на компанијата „Дизни“ за 71,3 милијарди долари.
Актерката Кери Фишер, која почина ненадејно на крајот на 2016 година на 60-годишна возраст, ќе се „врати“ во претстојната деветта епизода од култната вселенска сага „Војна на ѕвездите“.
Шеесет и пет годишниот актер почнал да слика и смета дека вреди да имаш такво хоби.
Ангажманот на младиот глумец во серијата „Американска крими приказна: Убиството на Џани Версаче“, се чини, било полн погодок за продукциската куќа Еф-икс, инаку креатор и на двете серии.
Македонскиот краткометражен филм „Црни и криви“ во режија на Марко Џамбазоски својата африканска премиера ќе ја има на „Slum Film Festival“, кој се одржува од 27 до 31 август во Најроби, Кенија.
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на шестиот дел на филмот „Невозможна мисија“ насловен „Пребројување“, кој од вечерва ќе почне да се прикажува во Скопје.
Македонскиот краток филм „Еклер”, по сценарио и режија на Марко Ѓоковиќ ја доби наградата за најдобар филм во категоријата на среднометражни филмови на годинашното десетто издание на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина (ПриФест).
Авторот на култната анимирана серија „Симпсонови“, Мет Грејнинг, режисерот Дејвид Силвермен и сценаристот Ал Жан соопштија дека гледачите наесен може да ја очекуваат 30-та сезона.
Oткако пред неколку дена, поради контроверзните објави на Твитер, Дизни го отпушти режисерот Џејмс Ган од проекот „Чувари на Галаксијата 3“, илјадници обожаватели преку онлајн петиција бараат негово враќање.