Актерот Ентони Рап ја обвини холивудската ѕвезда Кевин Спејси за сексуално вознемирување, кое наводно се случило во 1986., кога тој имал само 14 години. Во тоа време, Спејси имал 26 години.
Во главните улоги се Дејана Поповска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во останатите улоги се појавуваат и Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска. Филмот ќе се снима во наредните 30 дена на локации во Скопје и Охрид.
Фестивалот е еден од најпрестижните за документарни филмови кои обработуваат теми од екологијата, заштитата на животната средина и одржлив развој.
Популарниот актер Кит Харингтон изјави дека заплакал додека го читал сценариото за последната епизода од серијата Game of Thrones.
Серијата „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ, кој е актер, сценарист и режисер, од 22 октомври ќе почне да се емитува на Македонската радио телевизија, а истовремено и на јавните сервиси во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.
Официјалната премиера на филмот „Кога денот немаше име“ на македонската режисерка Теона С. Митевска во Скопје ќе се одржи на 12 октомври 2017 година, со почеток во 20 часот, во киното „Милениум“.
Режисерот Рајан Џонсон ги предупреди љубителите на вселенската драма да го скокнат трејлерот, навестувајќи дека во него се содржат информации за заплетите на осмото продолжение на „Војна на Ѕвездите“.
Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија доби награда за најдобра продукција на Интернационалниот филмски фестивал на филмска режија во Лесковац, а учествуваше и на фестивалот „Raindance“ во Лондон.
Со наградуваниот германски игран филм „Чик“ на познатиот режисер Фатих Акин, вечер во кино „Милениум“ ќе биде отворен 13. Фестивал на новиот германски филм на кој ќе бидат прикажани десет современи филмски наслови од германската кинематографија.
Ѕвездата на ТВ серијата на Нетфликс, „Наркос“ Педро Паскал изјави дека серијата не може да продолжи, се додека студиото не овозможи безбедни услови за работа за целата актерска и техничка екипа.