Во завршна фаза е реконструкцијата и хортикултурното уредување на Финскиот парк во населба Ченто. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изврши увид во работите и напомна дека со уредување е опфатена зелена површина од околу 13.000 квадратни метри.
„Лајт џез клуб“, „Стара градска куќа“ и „Скопски мерак“ годинава се најдобри три ресторани во главниот град, избрани од Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со SWOT Research – специјализирана агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитетот на услугата.
Учениците од ОУ „Димитар Миладинов“ од Скопје и деца од мали групни домови во рамки на иницијативата „Петок за млади @ФИТР“ денеска изработуваат новогодишни украси, честитки и слики, кои подоцна ќе бидат дадени на аукција за продажба, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на дечиња од ранливите категории.
Во касарната „Страшо Пинџур“ утре ќе биде реализирана традиционалната предновогодишна активност „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер“, што е организирана од страна на воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија.
Патниците од автобусот бр 2 биле сведоци на страшна глетка. Според сведочењето на еден од патниците двајца контролори тепале патник.
Со искрени и пријателски желби за побрзо оздравување и убава 2019-та година, градоначалникот Богдановиќ и амбасадорот Ангелов, се дружеа, се сликаа и поразговараа со нашите најмили и најмали.
ЈСП Скопје сака да потенцира дека не толерира кршење на Кодексот на вработените од страна на било кој вработен (возач, контролор, билетарка, аминистративен работник и слично) и е отворено за жалби/пријави/поплаки од секаков вид.
Оваа гимназија е една од 23-те средни училишта во кои Градот планира да постави вкупно 573 прочистувачи на воздух за што ќе бидат потрошени околу 11 милиони денари.
Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска изјави дека во тек е набавка на гуми за автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие кои не возат низ скопските улици поради недостиг на гуми.
Градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, престојуваа во еднодневна официјална посета на Подгорица по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на главниот град на Црна Гора.