Инвеститорот Работнички Консалтинг ДООЕЛ Скопје почна со извршување на решението на овластениот градежен инспектор на општина Центар за отстранување на неговата градба во Градскиот парк за која не поседува решение согласно Законот за градење и започна со отстранување на градбата, информираат од општина Центар.
Од денеска почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ - Скопје.
Скопје денеска трета година по ред ќе биде дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride“ чија цел е да се подигне свеста кај мажите за сопственото здравје и да се соберат финансиски средства за борба против ракот на простатата.
Во Зоолошката градина во Скопје денеска беше забележан рекорден број посетители кои дојдоа да ги видат двете нови слоници Дуња и Даела.
Во моментов, мерните станици распоредени на неколку локации во главниот град покажуваат присуство на поголема количина на канцерогени ПМ 10 честички, па така во воздухот на територија на општина Центар и кај ректорат покажува дека тие се дупло зголемени од максимум дозволените и ја достигнуваат бројката од 104ug/m3.
На 1-ви октомври (понеделник) ќе започне со работа првиот македонски веб сајт Setaj.mk, кој ќе биде комплетно посветен како на дневниот така и на ноќниот живот во Скопје.
Скопје утре трета година по ред ќе биде дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride“ чија цел е да се подигне свеста кај мажите за сопственото здравје и да се соберат финансиски средства за борба против ракот на простатата.
Олдтајмери денеска од 9 до 17 часот ќе бидат изложени на улицата „Михаил Цоков“ до Општина Центар, во организација на „Олдтајмер Клуб Класик АВЈ“ од Скопје.
Во Зоолошката градина во Скопје денеска ќе биде отворено жиеалиштето за двете нови слоници.
Во општина Чаир се врши асфалтирање на ул. „Добри Даскалов“, која е една од најфреквентните во општината. Улицата, во населбата Топаана, е со должина од 300 метри има две сообраќајни ленти со ширина од 6,5 метри и тротоар со должина од 400 метри и ширина од два метра.