Јавното сообраќајно претпријатија „Скопје“ ќе добие нови 40 еколошки автобуси на гас. Постапката за набавката е почната вчера. Тендерот се очекува да биде распишан на есен, а договорите за новите автобуси да бидат потпишани до крајот на годината.
Поради изведба на среднонапонски и нисконапонски приклучок од страна на ЕВН на дел од бул. „Македонска Косовска Бригада“, ќе се воведе посебен режим на сообраќај на делот од булеварот каде што ќе се изведуваат работите.
Од утре до сабота, во периодот меѓу 23 и 04 часот, во Скопје ќе се спроведе првата фаза од прскањето против комарци.
Моторџиите и градот Скопје ќе формираат работна група за надминување на разликите околу плановите на градот за регулирање на паркирањето мотори. Ова е договорено на денешната средба меѓу градоначалникот Петре Шилегов и претставници од неколку мото клубови.
Моторџиите, кои се собраа на предупредувачки протест пред канцелариите на град Скопје, му порачаа на градоначалникот „да не прави проблеми таму каде што ги нема и да ги решава вистинските проблеми во соообраќајот во Скопје“.
После приведувањето на Огнен Узуноски - Оги, сопственикот на Сектор 909 и кафулето Излет кое беше цел на напади за време на шарената револуција бидејќи беше местото каде што се организираат и планираат протестите, тој на фејсбук изнесе детали од синоќешната рација во скопските дискотеки и порача: Нема правда, нема мир.
Сопственикот на една од најпопуларните скопски дискотеки „Сектор 909“, Огнен Узуновски-Оги, кој беше и активен учесник во протестите на Шарената револуција, беше приведен ноќеска во големата рација по ноќните клубови во Градски парк.
Полициски службеници упаднале синоќа во неколку ноќни клубови меѓу кои и Сектор и ги легитимирале посетителите.
На планината Водно кај Скопје денеска ќе се одржи спортската манифестација „Европско атлетско првенство во планинско трчање“.
Поради одржување на спортската манифестација Европско атлетско првенство во планинско трчање, што во организација на Атлетска федерација на Македонија ќе се одржи утре ќе има пренасочување на сообраќајот до Средно Водно.