По повод Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна, денеска во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје ќе биде одржана комеморација.
Во рамки на големата акција за реконструкција на поголем број средни училишта што се во надлежност на Градот Скопје, продолжуваат градежните работи со кои СУГС „Орце Николов“ ќе добие нова, енергетски ефикасна фасада.
Град Скопје соопшти дека се почнати или ќе започнат градежни работи на велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од над пет километри.
Скопје утре ќе одбележи две години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер.
Град Скопје соопшти дека утре и задутре ќе се изврши втората фаза од прскањето против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје, што опфаќа авионско прскање и дезинсекција од земја.
Со цена од 35 денари или 0,6 евра за едно возење во еден правец, јавниот транспорт во главниот град Скопје е меѓу поевтините, но не нуди можности за избор меѓу различни видови превоз.
Исто така и кај паркингот кај Холидеј ин со ДУП-от се предвидени три 60-катници за кои сметам дека се идеална локација за современ бизнис центар, што му е потребен на Скопје, наведува Трајковски.
Зголемен број повици во врска со нарушеното здравје на хронично болни, зголемен крвен притисок, главоболки, вртоглавици, малаксаност, недефинирани состојби регистрирала деновиве Итната медицинска помош во Скопје, од каде посочуваат дека тоа е вообичаено кога има ваква промена на времето, притисокот и влажноста на воздухот.
Железничкиот сообраќај на потегот од железничката станица Лисиче до железничката станица Усје од денеска повторно се воспоставува, информираат од МЖ Танспорт АД Скопје.
Град Скопје соопшти дека во наредниот период ќе се изврши втората фаза од прскањето против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје, која опфаќа авионско прскање и дезинсекција од земја.