Донесувањето на инвестициската програма на Градски паркинг е само во насока да се создаде законска онова за воведување зонско паркирање, ако тоа го побараат граѓаните, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
На граѓаните кои со возила доаѓаат од другите градови во Скопје ќе им биде овозможено да ги паркираат на паркинзи на влезот од Градот и потоа да користат градски превоз.
Петре Шилегов заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку и Златан Икономов, технички директор во ЈП „Водовод и канализација”, денеска го потпишаа Договорот за спроведување на ИПА проектот „Подобрување на инфраструктурата за отпадни води во градот Скопје“.
Денес официјално се отвора пријавувањето за Авицена Женската трка 2018. Шестата трка ќе се одржи во недела, 1-ви април и ќе стартува во 10 часот.
На подрачјето на Скопје состојбата со загадениот воздух е веќе под прагот на алармирање, извести Државниот инспекторат за животна средина на својата Фејсбук страница, повикувајќи се на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот од 31 јануари.
Град Скопје ги укинува вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загаденоста, меѓу кои беше и бесплатниот автобуски превоз.
Градоначалникот Петре Шилегов, на денешната петта седница на Советот на Град Скопје, од дневниот ред ги повлече предлог-одлуките со кои беше предвидена промена на цената на водата во Скопје.
Советот на Град Скопје на денешната петта седница треба да ги донесе предлог-одлуките за утврдување на тарифата за снабдување со вода за пиење, за тарифата за собирање и одведување урбани отпадни води и за утврдување на тарифата за прочистување на отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“ .
Скопјани повторно се гушат во загадениот воздух, а главниот град и денес се најде помеѓу 10 најзагадени градови во светот.
Повеќе велосипедски патеки, места за паркирање на велосипеди и непрекината нова велосипедска патека долж кејот на реката Вардар се дел од работите што скопскиот градоначалник ги најавува со цел Скопје од град ориентиран кон автомобили да премине во град со алтернативни начини на транспорт.