Европското првенство во Хрватска, ги собра на едно место Словенија, Македонија и Црна Гора за да ја промовираат заедничката кандидатура за женското Европско првенство во 2022 година.
Градот Скопје не предвидува забрана за влез на возила во Скопје кои доаѓаат од внатрешноста на државата. Тоа никогаш ниту било предвидено ниту предвидуваме да забраниме влез на возила во Скопје од другите градови, вели градоначалникот Петре Шилегов.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска информира дека во рамки на интервентните мерки за загадувањето, јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило почнуваат со интензивно чистење на улиците.
Од утре ќе престанат да важат мерките што се воведоа поради зголемените концентрации на PM 10 честичките во воздухот, соопшти попладнево Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.
Поради магла на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје изутрината се откажани летовите од и за Истанбул, а доцнење од час и половина има на летот од Виена, за каде пак полетувањето треба да се реализира исто така со доцнење од еден час.
Воздухот во Скопје и изутринава е загаден над дозволеното. Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 313 микрограми на метар кубен, кај Ректорат се измерени 182, во Гази Баба 159, во Центар 110 и во Карпош 96 микрограми.
Град Скопје воведе бесплатен градски превоз за скопјани поради загадениот воздух. Мерката ја објави градоначалникот, Петре Шилегов, кој истакна дека стапува на сила веднаш и оти важи подеднакво за автобусите на ЈСП и за приватните превозници.
Пожарот што претпладнево избувна во стан во центарот на Скопје е локализиран, а во текот на гаснењето нема повредени, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томевски.
Пожар избувна во стан во близина на македонското Собрание, кај НЛБ Тутунска банка.
Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан пред олтарот во Соборниот храм им се обрати на скопјани и на сите добронамерници.