Под покровителство на Град Скопје, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност вечер ќе се одржи концерт „Дојди, биди моја светлина“, во рамки на Деновите на Мајка Тереза.
Новиот парк за миленичиња во Ново Лисиче е во завршна фаза. Паркот ќе биде пуштен деновиве, а останува уште да се постават дополнителни елементи, во вид на реквизити и содржини за кучињата и урбана опрема.
Новиот модерен Луна парк во Скопје се очекува да профункционира на почетокот на следната година, а доколку се поволни временските услови, тоа може да се случи и порано.
Со отворање на изложбата „Урбани херои на Скопје” вечерва во „Јавна соба“ почнува фестивалот „Дотерај го Скопје”.
Од УЈП информираа дека поради нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки бил времено затворен кафичот „Броз“.
Во рамките на „Супер Скопје“ овој викенд, забавата ќе започне денес во 21 часот, каде присустните ќе можат да уживаат во настапите на Ди Џеј Дела (DJ Dela), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева.
По налог на Општина Центар, а по барање на жителите, овластена фирма изврши мерење на бучавата во кафе баровите “Интермецо“, “Бастион“ и “Џуси бар“.
Агенцијата за млади и спорт под мотото „Трчај, играј, активирај се“ на 6 септември, на Кејот на реката Вардар, ќе организира спортско – рекреативен настан во пресрет на 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Светски познатиот уметник - муралист Векс Ван Хилик (Veks Van Hillik) деновиве изработува мурал на зградата над Билната аптека, во центарот на Скопје, соопштија денеска од Град Скопје.
Г.г. Стефан зборуваше за животот на мајката Богородица, посочувајки дека денес, имајќи ги предвид кризите во светот воопшто, и животот на мајките е потежок.