Кралот на српската народна музика Шабан Шаулиќ загина денеска во тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Пејачката Кети Пери (34) потврди дека се свршила со актерот Орландо Блум (42).
Британскиот милијардер Ричард Бренсон планира хуманитарен концерт во Колумбија со цел да ја подигне глобалната свест за кризата во Венецуела и да собере средства за хуманитарна помош.
Модната дизајнерка Викторија Бекам наскоро ќе ја претстави својата линија козметички производи и тоа го објави на Инстаграм и на својот Јутјуб канал.
Водителот од Фокс Њуз, Пит Хегсет призна дека 10 години не си ги измил рацете, затоа што верува дека „микробите не постојат, бидејќи едноставно, не може да се видат со голо око“.
Најстариот трговски центар во Данскa, копенхашкиот „Редовр“ отстрани восочна фигура на Мајкл Џексон оти е навредлива за посетителите и оти може да биде оштетена, имајќи предвид дека покојниот крал на поп-музиката беше обвинуван оти сексуално злоставувал деца.
Ноќеска во Лос Анџелесе беа доделени најпрестижните музички награди Греми на кои најголеми победници се Карди Би, Маскгрејвс и Лејди Гага.
Продажбата на албуми во САД лани опаднала за 18,2 отсто во однос на претходната 2017 година, а продажбата на синглови – за 28,8 отсто, покажуваат податоците на Баз-Енгл.
Познатите личности и папараци-фотографите, се разбира, имаат многу лош однос, но тој во последно време е дополнително искомплициран.
Во детството, поради специфичнниот и налик вештачки изглед, Јужносуданката Дуки Тот била исмевана, па дури и жртва на насилство. По победата на австралиското шоу Топ модел, денес таа е заштитно лице на многу брендови, а токму поради својот лик, кој сепак е природен, и темната кожа, ја викаат „Црната Барбика“.