Канадскиот пејач Шон Мендес на вчерашните Европски музички награди на MTV победи во категориите најдобар изведувач и најдобра песна.
Балканската музичка ѕвезда и кантавтор Жељко Јоксимовиќ вечерва во 21 часот ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски“.
Авалон продукција почнува соработка со младиот скопски бенд „Фанк Шуи“, кој постои седум години и комбинира различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови.
Музичко-танцовата атракција од Ирска „Lord Of The Dance“ на Мајкл Флетли по десет години повторно ќе гостува во Македонија. На 11 април 2018 во Вип арената „Борис Трајковски“ ќе го претстави новото шоу „Опасни игри“ кое се темели на ирскиот фолклор.
„Џипси кингс“ (Gipsy Kings) на 22 декември ќе гостуваат во Скопје во рамки на новогодишното концертно шоу „All You Need is Love“ кое втора година го организира Авалон продукција.
Легендарниот пејач Жељко Бебек денеска во Белград го промовираше својот нов албум „Ono nešto naše“, на ЦД и на плоча.
Влатко Стефановски го објави својот нов албум „Мајчин јазик“, кој излезе под етикетата на хрватската издавачка куќа „Кроација рекордс“. Албумот веќе може да се набави преку веб-продавницата на издавачката куќа.
Со концерт на триото на австрискиот пијанист Давид Хелбок, добитник на наградата за исклучителен уметник на Австрија, вечерва во Македонската опера и балет почна 36.Скопски џез-фестивал.
Со концерт на Давид Хелбок трио од Австрија и на големиот ансамбл од Норвешка – Трондхејм џез оркестра со Оле Мортен Ваган, вечер во Македонската опера и балет ќе почне 36. Скопски џез-фестивал.
Награда „Голден орикс“ (Golden Oryx) за најдобар млад џез-музичар за 2017 година вечер ќе му биде доделена на тапанарот Виктор Филиповски.