Грчкиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис (51) се очекува наскоро да седне на селекторското столче на местото на познатиот американски стратег Рик Питино, јавија денеска локалните медиуми.
Кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром во иднина нема да настапуваат за македонската репрезентација, соопшти денеска актуелниот шампион како одговор на одбивањето на Кошаркарската федерација да покрие дел од обесштетувањето за петмина свои играчи, кои се повредија при настапи во националниот дрес.
Членот на „Куќата на славните“ во НБА-лигата, Ајзеа Томас ја истакна важноста на Кајри Ирвинг за сегашниот состав на Бруклин
Американската професионалната кошаркарска екипа Лос Анџелес клиперс, во обид да излезе од сенката на многу попопуларниот градски ривал Лос Анџелес лејкерс, почна со изградба на сопствена сала во Инглвуд.
Американскиот кошаркар Мајк Џејмс по една сезона мината во НБА лигата се враќа на европскиот континент, откако се согласи на трансфер од Бруклин во Монако.
Ако некој некогаш ни кажеше дека со напорна работа, по осум години, ќе бидеме тука, ќе седиме и ќе разговараме со првата жена претседател на Грција, ќе ви кажев дека ме лажете, рече грчкиот кошаркар и член на „Бакс“, Јанис Адетокумбо, по приемот кај претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу
Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо објави дека неговата мајка Вероника и најмладиот негов брат Алекс добиле грчко државјанство
Атланта потпиша со центарот Џалил Окафор. Според „ESPN“, 25-годишниот Американец се приклучи на новиот тим како слободен играч
Денес, 16 септември, на 77-годишна возраст, почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ. Ова го соопшти претседателот на клубот Раднички, Горан Калиниќ.
Кошаркарот на Бостон селтикс, Денис Шредер, се пошегува на неговиот роденден за пропуштањето на големиот договор оваа година.