Поранешниот македонски репрезентативец Игор Котески е нов тренер на Голден Арт КЛ7
Македонската ракометна репрезентација успеа да обезбеди пласман во втората, главна фаза на Светското првенство во Египет, откако попладнево во Каиро го совлада Чиле со 32:29.
Капитенот Кирил Лазаров оцени денеска дека македонските ракометари треба да заборават на двата убедливи порази на отворањето на Мундијалот во Египет и целосно да се фокусираат на утрешниот решавачки натпревар за пласман во следната фаза против Чиле.
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) соопшти претпладнево дека денешниот меч од второто коло во групата А на Мундијалот во Египет меѓу Германија и Зеленортските острови е откажан и регистриран со службени 10:0 за германската репрезентација
Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот убедлив пораз на Светското првенство, откако вечерва загуби од домаќинот Египет со 38:19 (20:6) во натпревар од второто коло во групата Г.
Германија со службени 10:0 ќе го добие мечот од второто коло во групата А на Светското ракометно првенство против Зеленорстските острови, откако африканската репрезентација пријави денеска два позитивни случаи на коронавирус и остана без доволен број ракометари за утрешната пресметка.
Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 вечерва ја информира македонската спортска јавност дека ја прекинува соработката со тренерот Андон Бошковски.
Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори вечерва Светското првенство во Египет, претрпувајќи убедлив пораз од Шведска од 32:20 (16:11).
Еминентниот црногорски ракометен стратег и поранешен тренер на скопски Вардар, Веселин Вујовиќ, ги издвои Хрватска и Норвешка како главни фаворити за титулата на Светското првенство, што од 13 до 31 овој месец се одржува во Египет.
Македонската ракометна репрезентација вечер од 20:30 часот ќе се сретне со Шведска во 1. коло од Г-групата на Светското првенство во Египет