Македонскиот ракометен првак Вардар викендов го очекува уште еден тежок натпревар. Во Скопје доаѓа унгарски Веспрем во дуел од 12.коло во Лигата на шампионите.
Ракометарите на РК Еурофарм Работник се подготвени за претстојниот меѓународен натпревар со унгарскиот тим Татабања кој в недела ќе гостува во Битола.
Поради голем интерес на навивачите за натпреварот од 12 коло во Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Веспрем, од утре (четврток, 14 февруари) ќе бидат пуштени во продажба дополнителен број на билети.
Левото крило на македонскиот ракометен првак Вардар, Тимур Дибиров се најде во идеалниот состав во изборот на ЕХФ ТВ за 11. коло во Лигата на шампионите. Дибиров учествуваше со седум погодоци во триумфот на Вардар (30:27) над Рајн Некар Левен во средата на гостински терен.
Ракометарите на Еурофарм Работник загубија со 24:21 во првиот натпревар од групната фаза во ЕХФ купот.
Хрватскиот пикер Тео Чориќ (27) е нов ракометар на скопски Металург. Договорот со Чориќ е потпишан со важност од 1,5 година, а на тимот од Автокоманда ќе му се приклучи на 15 февруари.
Француското дерби во рамките на 11. коло на Лигата на шампионите му припадна на ПСЖ, кој славеше во Нант со 31:35 и го задржа лидерското место во групата.
Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по победата на „црвено-црните“ со 27:30 против Рајн Некар во Лигата на шампионите, изрази задоволство од прикажаната игра на ракометарите,закои кажа дека го натерале противникот да греши.
Ракометарите на Вардар со доминантна игра вечерва забележаа значајна победа со 30:27 на гостувањето кај Рајн Некар Левен во 11.коло од Лигата на шампионите. Ова беше седма победа, втора оваа сезона за македонскиот тим во десетте меѓусебни средби со РНЛ.
Ракометаритена Вардар вечерва од 19:00 часот гостуваат на Рајн Некар во Манхајм во натпревар од 11 коло на Лигата на Шампионите.