Селекторот на Македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес пред реванш-дуелот со Романија за пласман на СП 2019, повика на максимална внимателност и предупреди дека Македонија мора да одигра уште еден одличен натпревар, доколку сака да се пласира на Мундијалот во Германија и Данска.
Машката ракометна репрезентација на Македонија води против Романија со резултат 15:10 во првиот од двата бараж дуели за пласман на светското првенство.
Компанијата „РЕХАУ“ како партнер на македонската ракометна репрезентација, во насока на подигнување на атмосферата пред бараж дуелот за пласман на СП Данска и Германија 2019, во Скопје организира навивачко катче во функција на подготовка на фановите и обезбедување максимална поддршка на нашите најдобри ракометари.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави списокот на екипи кои аплицирале за место во Лигата на шампионите за следната сезона.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров денеска по првиот собир во „Александар палас“ изјави дека баражот против Романија е „круцијален“ за „жолто-црвените“, откако претстојниот Мундијал во 2019-та ќе биде квалификациски за Олимписки игри во 2020 година.
Селекторот на сениорската ракометна репрезентација Раул Гонзалес во пресрет на бараж двомечот за пласман на СП 2019 против Романија, денеска изјави дека противникот е квалитетен и располага со одличен селектор. Тој очекува тежок двомеч, со оглед и на тоа дека реваншот се игра во Романија.
Женската ракометна репрезентација на Македонија беше совладана од Србија со 35:30 во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во Франција.
Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба влезниците за претстојниот натпревар против Романија во баражот за Светското првенство.
Српскиот интернационалец Вања Илиќ си заминува од Металург, откако двете страни не успеале да постигнат договор.
Пикерот на Металург, Жарко Пешевски по 16 години минати во Автокоманда го напушта клубот и заминува за Украина, каде ќе настапува за Мотор Запорожје.