Сезоната во регионалната ракометна СЕХА Газпром лигата ќе заврши со осминафиналните дуели меѓу Вардар и Металопластика
Екипата на Вардар вечерва во Скопје го победи Еурофарм Пелистер со 26:24 во финалето на Купот на Македонија и по 14-ти пат го освои вредниот трофеј.
На домашната спортска сцена денес на распоредот се финалните натпревари во ракометниот Куп на Македонија во двете конкуренции, додека кошаркарите ќе го играат полуфиналето
Ракометарките на Вардар ќе играат против Куманово во финалето од овогодишното издание од Македонскиот ракометен куп, откако вечерва триумфираа над екипата на Чаир со 31:27 (15:7).
Битолски Еурофарм Пелистер славеше вечерва убедлива победа над екипата на Бутел од 38:23 (16:9) и в сабота ќе игра против големиот ривал Вардар 1961 во финалето на овогодишното издание на Македонскиот куп во ракомет.
Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа во финалето на овогодишното издание на Македонскиот куп, откако попладнево триумфираа над актуелниот бранител на трофејот Металург со 27:22 (14:12).
Раководството на Женскиот фудбалски клуб „Љуботен“ од Тетово на прес-конференција обвини дека на саботното гостување во Велес по дуелот со „ЖФК Борец“ нивните фудбалерки, стручниот штаб и управата биле физички нападнати
Врз основа на Дисциплинскиот правилник на РФМ, Првостепената дисциплинска комисија на Ракометната Федерација на Македонија на ден 7 мај 2021 година, на Марјан Начевски, делегат/контролор во РФМ изречена му е дисциплинска санкција: исклучување од Ракометната федерација на Македонија врз основ на доставена пријава од член на УО на РФМ и поранешна репрезентативка Мирјета Бајрамоска, објавено е на веб-страницата на федерацијата
Еурофарм Пелистер го претстави третото засилување за сезоната 2021/22. Нов член на битолскиот суперлигаш е кубанскиот репрезентативец Реиние Табоада Дранкет, кој доаѓа од францускиот Данкерк
Регионалната ракометна СЕХА лига го одреди 1 јуни како термин за одигрување на последниот натпревар од групата А меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб, соопшти попладнево битолскиот клуб.