Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле сака да ја „казни“ Грција отстранувајќи ја од еврозоната, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за телевизијата Франс 24, пренесува БТА.

Тој ги отфрли наводите дека Атина планира да ја врати драхмата и дека печатењето било договорено да се прави во Русија.

Таквото тврдење потекна од францускиот претседател Франсоа Оланд, кој тврди дека информацијата ја добил од рускиот колега Владимир Путин.


Грчко “охи“ за драхмата

Ципрас наведе и дека Грција е последниот бастион на стабилност во регионот и оти е време „кредиторите и Германија да ги исполнат обврските за грчкиот долг“ со цел да им се даде позитивен сигнал на пазарот и инцеститорите.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2016 22:57