Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека ги презел првите чекори во правец на започнувањето на производство на воена муниција во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на денешната седница на Владата објави дека ја потпишал одлуката за преземање на потребните подготовки за подигање на воената индустрија.

Тој рече дека одлуката се однесува на формирање меѓуминистерска комисија за намерата и проценката за започнување на преговарачки постапки за отворање на фабрика за производство на муниција и на лабораторија за дизајнирање беспилотни летала.

„Армија која за толку кратко време беше вооружена толку многу како нашата треба да обезбеди и гарантира целосна оперативност и севкупна одржливост. Денеска ги правиме првите чекори за подигање на воената индустрија“, рече Курти на почетокот на владината седница.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2024 15:47