Овластениот градежен инспектор на општина Центар донесе решение за отстранување на градба-дрвена настрешница, со димензии 12 на 3 метри за која што инвеститорот не поседува одобрение за градење.
Во моментов инвеститорот прави и адаптација на постоечкиот простор, за која што исто така треба да има техничка документација или одобрение за пренамена на истиот простор, кои не ги поседува. Дивоградбата се наоѓа на улица „Орце Николов“ број 86, а како инвеститори се јавуваат лицата Владимир и Стојан Панчевски.
Три дена од приемот на решението и заклучокот за дозвола за извршување, општина Центар ќе пристапи кон присилно административно извршување на градбата.