Езерото „Младост“ во близина на Велес или попознатo коко Велешко ја достигна максималната квoта на прелив.
Како што информира Бобан Пановски директор на ЈП „Лисиче“ кое стопанисува со Езерото, деновиве е достигната максималната квота на прелив кога езерото има 9 милиони кубни метри вода. Инаку, водата од велешкото езеро „Младост“ веќе неколку месеци се прелива преку браната
– Полнењето на езерото е резултат на топењето на снеговите што придонесе за негово максимално полнење со вода. вСо овие количества ќе се задоволат сите потреби од вода за рекреација во претстојното лето, како и за наводнување на лозовите насади во околината на езерото, информира Пановски.
Во исто време преливот на езерото „Младост“ чии води во дел се влеваат во реката Вардар нема да предизвика излевање на Вардар, а кој пак деновиве е на својот минимум со вода, појаснува Пановски.
Езерото „Младост“ се полни со Отовичка и Рудничка Река и уште неколку помали.