Студенти и професори од преку 15 земји петти пат ќе го одбележат Светскиот ден на културната разноликост денеска напладне на плоштадот во Охрид.
Предвидени се презентации на народни носии, танци, песни и национални јадења.
Одбележувањето на Светскиот ден го организираат студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“.