Бактериолошки е загадена и не смее да се користи за пиење водата во кичевските села Речани Челопечко, Светораче, Дупјани, Рабетино, Брждани, Поповјани, Мидинци, Крушица и Премин Кичево-Скопје „Стража“ (Крај патна чешма), соопшти Центарот за јавно здравје.
Според Центарот, водата не смее да се користи се до добивање исправен примерок.
– Потребна ќе биде перманентна дезинфекција на водата. Дотогаш, пред користење, треба да се преврива, препорачуваат надлежните.