Граѓаните на Оштина Богданци утре на референдум треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“ изградбата на рудникот за бакар Казандол и за отворање на рудници на територијата на општината. Право на глас имаат околу 7.000 жители, кои ќе гласаат на 12 избирачки места.
На референдум за рудникот Казандол ќе излезат и жителите на Дојран на 18 јуни, а во постапка за референдум се и граѓаните на Валандово.
На 24 април, гевгеличани исто така на референдум гласаа против отворање на рудници на планината Кожуф.