Повеќе од 98 проценти од граѓаните кои гласале на референдумот во Општина Богданци, се изјасниле против работата на рудникот Казандол и за отворање на други рудници на територијата на нивната општина.

Излезноста на реферндумот била 61 проценти од гласачите со право на глас.

На референдум за рудникот Казандол ќе излезат и жителите на Дојран на 18 јуни, а постапка за организирање референдум во тек е и во Валандово.

По Гевгелија, ова е втор успешен референдум преку кој граѓаните се обидуваат да ја заштитат животната средина и околината во која што живеат.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2017 01:22