Жителите на Струга го продолжуваат својот протест, бидејќи уште не е пронајдено решение за илегалната депонија која секојдневно ги гуши.
Не се знае кога и дали ќе се затвори депонијата, ниту дали ќе биде преместена.
И понатаму не се знае кога депонијата ќе се изгасне, премести или конзервира како што бараат граѓаните. Не се изнесоа конкретни временски рокови за тоа кога стружани ќе почнат да дишат чист воздух.
Засега министерството ја препушта работата на експертски тимови кои следниве денови ќе ја испитуваат состојбата, а заклучоците ќе ги изнесат на владина седница која дополнително ќе одлучува како ќе постапува и ќе го решава проблемот.
И додека состојбата со депонијата, загадениот воздух се сведува на решенија со процедури, кои веќе траат со денови, граѓаните револтирани најавија протести и блокади на неколку правци, бараат ситуацијата да се реши во најбрз можен рок.