Со низа културни настани на повеќе локации од денеска до 27 јуни во Охрид ќе се одржува второто издание на Фестивалот „Словенија во Охрид 2017“.
Свеченото отворање на манифестацијата организирана во рамки на одбележувањето на Денот на Република Словенија е предвидено за утревевер на летната сцена „Долни Сарај“, со обраќање на амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Милан Јанзбец .
Вечерта на словенечката култура во Охрид ќе биде збогатена со концертот на Зоран Предин и најпознатата словенечка група „Лачни Франц“.