Новоформираниот Совет за соработка со Руската Федерација и со НР Кина, ќе ги чини граѓаните на Србија околу милион евра месечно, објавија српски медиуми.

Таа цифра е прелиминарна сметка на севкупните трошоци за работа на новата служба при Владата на Србија.

Имено, покрај повеќе милиони динари што даночните обврзници на Србија треба да издвојат за 30 вработени, ќе се плаќаат и патувања, возниот парк, просторот, одржување комуналии, репрезентација, обезбедување.

Сите тие трошоци не се планирани во буџетот за 2017 година бидејќи кога е донесен буџетот, не постоела таа служба.

Според извори на весникот Блиц, тие трошоци се непланирани и постојат индиции дека поради „кабинетот“ на Томислав Николиќ на службите кои се поврзани со Владата ќе им биде делумно намален буџетот.

Тие додаваат дека посебна работа се надлежностите на тој кабинет бидејќи се нејасно формулирани и дека во многу сегменти се исти како и на многу министерства особено со Министерството за надворешни работи.

– Во одлуката за формирање на Национален совет за координација пишува дека ќе се занимава со спроведување на Договорот за стратешко партнерство на Србија и Русија и Договор за стратешко партнество меѓу Србија и Кина. Тоа е многу општа формулација која не оправдува постоење на таа служба. Ако требало да го вдомат Томо Николиќ, тоа можеле поскромно да го направат однсоно да се вработат 3-4 соработници, а не 30….Со оглед на трошоците од околу милион евра, излегува дека тоа е многу важна институција, вели изворот за Блиц.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2017 12:01